Funk Shui ја одбележаа 2024та со преку 20 концерти на Балканот (Белград, Нови Сад, Загреб, Подгорица, Шибеник, Крагујевац, Сарајево, итн.) После година дена од последниот концерт во Скопје, повторно ќе се сретнат со домашната публика, на 12 Април во Станица 26.
“После подолг период, се враќаме дома со концерт! Овој април, пред да тргнеме на Балканска турнеја, започнуваме токму тука – во нашиот град, со вас. По успешната 2024, време е да ја започнеме новата концертна сезона дома, во вистинска атмосфера. Се гледаме во Станица 26 – прва станица пред турнејата!”
Првите 50 билети – 500 ден
Редовна цена – 600 ден
На денот на концертот и на врата – 800 ден
Дани | ТВ Пакет