Ругање со Христос е македонски филм, снимен од 2018 година по сценарио, режија и продукција на Јани Бојаџи. Телевизиска премиера, филмот ќе има на 14 јануари 2024 година (недела) во 21 часот на Алфа телевизија.
Во филмот се говори на неколку јазици (македонски, грчки, француски, албански) и во него се претставени многу култури и многу различни луѓе.
Според режисерот Бојаџи, во неговото долгометражно режисерско деби се испреплетуваат четири приказни, работен е според вистински настани од блиската историја, едната е битката на Радуша и киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници за време на воениот конфликт 2001, како и убиството на младиот Ванчо Каранфилов во Тетово, кој беше застрелан додека играше кошарка.
На свеченото затворање на 42-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, на филмот „Ругање со Христос” на режисерот Јани Бојаџи му беше доделена единствената награда за иновативност.
Приказната во филмот е за Александар Филипопулос (го игра Љупчо Тодоровски- Упа), новинар во познат политички магазин во Париз, Франција, со потекло од Грција, а во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на раскрсница, добива писмо од Вани (Младен Крстевски) инаку негов братучед од Грција дека татко му, политичкиот емигрант Лазар (Мето Јовановски) умрел во Македонија. Тогаш сѐ тргнува наопаку.
Дани | ТВ Пакет