Најгледаното музичко талент шоу се враќа на Канал 5 со новата, 16-та сезона од своето емитување.
Прочуеното жири и ментори: Драган Стојковиќ-Босанец, Марија Шерифовиќ, Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Ана Бекута, Џорџе Давид, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ-Мили на чело со Саша Поповиќ се во потрага по најдобриот глас во регионот, а нивната задача не е ни малку лесна.
Новитет во оваа сезона е што жирито од самиот старт ќе може да ги гледа кандидатите лице в лице, без притоа тие да чекаат да се крене завесата.
Додека осумчленото жири ќе ги оценува кандидатите од целиот регион, добро координираното водителско дуо Сања Кужет и Воја Недељковиќ ќе се погрижат да ја зачинат атмосферата во студиото со смеа, позитивност и радост, а воедно и да ја намалат нервозата и тремата кај кандидатите пред самиот нивен настап.
Борбата меѓу младите пејачки таленти може да започне. Од 5 ноември па секоја следна сабота следете ги “Ѕвездите на Гранд” во 20.30 часот на Канал 5 телевизија.
Дани | ТВ Пакет