Нова скандинавска трилер серија на Телма, од понеделник до четврток во 20.40 часот. “Окупирани” е контроверзен политички трилер кој доаѓа од перото на најчитаниот и најпопуларен норвешки автор на крими романи, Ју Несбе. Воедно се смета за најскапо снимена продукција во Норвешка.
Во Норвешка на власт доаѓа радикална партија за животна средина, која, под изговор дека се грижи за заштита на животната средина, одлучува да забрани екстракција на нафта од Северното Море. ЕУ не сака да се откаже од норвешката енергија.
По добивањето на согласност од ЕУ, Русија ја окупира Норвешка и сите свои извори на нафта. Во блиска иднина, Норвешка е окупирана од Русија, по налог на Европската Унија. Новоизбраната Норвешка влада, заради заштитата на животната средина, ги стопира сите важни проекти за производство на нафта и гас.
Трејлерот за самата серија предизвика вистинска еуфорија во норвешко-руските односи, па затоа руската амбасада во Осло испрати бесна протестна нота. Некои норвешки аналитичари и историчари дури велат дека серијата дополнително ќе ги комплицира постојните тензии меѓу Западот и Русија, како резултат на војната во Украина. Интересот за серијалот е голем, а правата на прикажување веќе се купени во многу европски земји.
Директорот на „Окупирани“, Ерик Сколдберг, вели дека не станува збор за „серија за Русите, туку за реакциите и чувствата на Норвежаните кон таа измислена ситуација“! Серијата првпат беше предложена на државната телевизија НРК, која одби да го реализира овој деликатен политички проект.
Дани | ТВ Пакет