Вечерва на Сител беше емитувана последната епизода за сезоната од турската трилер драма “Сведок на судбината”.
Два сосема различни света се споија кога најмалку очекуваа. И двајцата ги зближија големите тајни од минатото, заплеткани во црнилата на нивните семејства.
Тајни кои донесоа лавина на акции и пресметки со подземјето и тајни кои ја ставија љубовта на тест кога вистината почна да испливува на површина.
Изминативе месеци следевме време за наплата на сметките, војна меѓу чесните и неправедните, меѓу добрите и лошите, меѓу предаторот и пленот.
Време во кое една игра стана пресудна за спас на вљубените и разоткривање на тајните од минатото.
Од понеделник, уживајте во последната сезона од “Бегалка” и многу наскоро очекувајте го стартот на новата сезона од “Неверство”.
Дани | ТВ Пакет