“Наркос Мексико” репризно на Телма, од понеделник до петок во 23 часот.
Michael Peña, Diego Luna, Tenoch Huerta Mejía, Alyssa Diaz, Joaquín Cosío, José María Yazpik, Matt Letscher, Ernesto Alterio во оваа одлична криминална драма.
Во мексиканските наркоси, се запознаваме со Мигел Анхел, бивш мексикански полицаец кој решава да формира бизнис империја во Мексико, благодарение на шверцот со марихуана.
Затоа што мексиканската војска ги уништува илегалните полиња во Силаоа, Мигел Анхел му предлага на главниот нарко бос во Силаоа да го преместат бизнисот во Гвадалахара. Така започнува неговата авантура на патот кон формирање на моќниот мексикански картел Гвадалахара.
Но, од другата страна, картелот ќе се соочи со американската институционална и полициска формација, која мора да го сопре нелегалниот шверц меѓу границите. Затоа, во Гвадалахара е пратен младиот ДЕА агент, Кики Карамена.
Дани | ТВ Пакет