Младиот Кристијан Михајловски, кој и е познат на јавноста по неговото учество во втората сезона на шоуто „Мојата Ѕвезда“, вчера во преполното кафуле Паскучи во Скопје го промовираше видео записот за неговата прва песна „Само еден ден“.
Интересна приказна за сеќавањата на една двојка која повеќе не е заедно, се провлекува низ целиот видео запис кој е снимен на неколку локации во Скопје, меѓу кои најинтересни се падините на Козјак и новиот двокатен градски автобус.
– Ви благодарам на сите кои дојдовте на оваа моја прва промоција и на сите кои учествувавте во создавањето на видео записot. Се надевам дека во блиска иднина повторно ќе се видиме за уште некое вакво убаво нешто- изјави Кристијан.
Песната „Само еден ден“ е авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, а видео записот го изработи продукцијата Томато.