Кога нешто не е во ред, критикуваме со право. Но, кога е нешто за пофалба, тогаш фалиме. А особено ни е драго кога критиките кои ги упатуваме допираат таму каде што треба и реакцијата е одраз на професионалност и желба за подобрување.
Таков е примерот и со ТВ 24. Откако вчера објавивме дека телевизискиот програмски водич на веб страната прикажува неточни термини за содржините, денес греешката е поправена.
Имено, ТВ 24 очигледно ги помести стрелките на часовникот, па затоа доколку сакате да се информирате за точните термини на емисиите, филмовите и сериите, тоа може да го направите и нема да погрешите. Дневникот во 17 е навистина во 17 часот.
Дани | ТВ Пакет