Помеѓу Ресен и Малме каде му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира својот роден град, но не е поборник на она „Туѓината пуста да остане„ бидејќи така тој би останал без работа.
Помеѓу Супермен и Тарзан го бира Тарзан зошто сепак верува во моќта на човекот, но сепак вели чудно е како современиот човек денес е склон да верува во разноразни терии, како дека не прскаат и чипираат, кои дури и во минатото звучат смешно.
Ова е дел од разговорот во „Нешто Конкретно каде водителката Снеже Велков излезе од концептот за да еден час поразговара со Отецот Пимен. Нејзината најава го обрна внимението на лажната религиозност и лажната добрина па така во најавата кажа:
Оваа епизода е за сите, за оние кои наутро се крстат и бакнуваат икони, а попладне плукаат и понижуваат сѐ живо и диво на социјалните мрежи, за оние кои се воздржуваат од масна храна ама не и од озборување, понижување и сопнување на другите…
На прашањето, пак, човекот кој верува во Бога значи дека е и добар човек, Отецот одговори дека склони сме да веруваме дека религиозните луѓе се и добри луѓе, но однесувањето е тоа кое ги издава па сважете дека се е само наметка под која се кријат.
За денешните генерации и денешниот начин на воспитување, за воениот рок, за кршењето на правилата и за тоа од какви луѓе треба да бегаме гледајте на линкот подолу
Дани | ТВ пакет