На големите христијански празници, Бадник и Божиќ, на Алфа телевизија ќе се емитува филмот кој стана обележје на македонските телевизии за новогодишните и божиќните празници. Во четврток (6 јануари) во 21.30 часот ќе се прикаже најгледаниот српски филм на сите времиња, “Зона Замфирова”.
Љубовта меѓу Зоне и Мане, родена во едно минато време во Ниш, а пропратена со многу хумор и песна и овојпат ќе ги расположи и разнежни гледачите на Алфа. Катарина Радивојевиќ, Војин Ќетковиќ, како и великаните на екс ју кинематографијата, Милена Дравиќ и Драган Николиќ во познатиот српски филм од 2002 година, приказната за Зона Замфирска.
Ден потоа, Божиќ (7 јануари) во истиот термин на Алфа ќе го гледаме “Врати се, Зоне” продолжението на филмот, снимено во 2017 година, a премиерно емитуван кај нас на Сител пред три години. Сосема нови актери во приказната за Зоне и Мане, чиј брак ќе биде овојпат ставен на тест.
Дани | ТВ Пакет