Почетна / Телевизија / Латас со оставка, уредници на Сител станаа Самарџиев и Цаци

Латас со оставка, уредници на Сител станаа Самарџиев и Цаци

Латас повеќе нема да биде главен и одговорен уредник на Сител. Новинарот поднесува оставка од тоа место и образложува :

,,Оставката ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам. На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.
За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди. За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.


Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.
ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива. Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител. На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега“, се вели во оставката на Драган Павловиќ Латас.

На местото на Латас на чело на уредничката политика на Сител застанува пејачот Ристо Самарџиев кој долги години работи во телевизијата, додека пак на позицијата главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!