Почетна / МК Сцена / „Легендите живеат вечно” – концерт посветен на нашите музички великани

„Легендите живеат вечно” – концерт посветен на нашите музички великани

На 4 октомври во „Македонска филхармонија” ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно” – Концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.

Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар чија интерпретација ќе допринесе за создавање на вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски-Бојс како и многу други.

Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 4 октомври.

Картите за овој настан имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!