Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага се огласи на Твитер во четвртокот за да потврди дека е дел од актерскиот тим на претстојното продолжение на психолошкиот трилер „Џокер“, а воедно сподели и музички тизер.
Музичкиот клип прикажува силуети кои танцуваат заедно на звуците на песната ‘Cheek to Cheek’, која ја напиша Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот ‘Top Hat’ на Фред Астер и Џинџер Роџерс. ‘Joker: Folie a Deux’, во кој Хоакин Феникс ќе ја репризира улогата на насловниот лик, ќе излезе во кината на 4 октомври 2024 година.
Феникс првпат го портретираше големиот непријател на Бетмен во филмот „Џокер“ од 2019 година, улога што му донесе „Оскар“ за најдобар актер.
Дани | ТВ Пакет