Почетна / Сапуници / Лејла од „Дозволи да те сакам” сè уште се бори со ковид симптомите

Лејла од „Дозволи да те сакам” сè уште се бори со ковид симптомите

Прекрасната ѕвезда од серијата „Дозволи да те сакам“, Седа Бакан го отвори своето срце пред новинарите споделувајќи детали во врска со нејзиното здравје откако добила позитивен тест за коронавирус и оздравела со релативно лесни симптоми.


„Иако поминаа 6 месеци, сè уште не чувствувам мирис. Многу е непријатно. Сега ќе одам кај мојот лекар.“ – рече актерката додека позираше за медиумите со својата преслатка ќерка Лејла.
Минатата година, кога актерката го фати коронавирусот, таа даде изјава, во врска со нејзиното здравје и здравјето на нејзиното семејство:

„Ние сме добро. Овој период го минувам без употреба на лекови затоа што сè уште го дојам бебето. Носам маска кога сум многу блиску до неа. Се хранам здраво. Земам витамини Ц и Д, како и цинк. Се надевам дека ќе помине брзо и само со овие симптоми на грип што ги имам. На сите им посакувам љубов и брзо заздравување на болните.“
Тогаш таа апелираше луѓето да носат маски и да се грижат за себе, истовремено чувствувајќи се среќна што има само благи симптоми на грип.


Деновиве здрава и убава како и секогаш, Седа реши да го покаже својот истенчен вкус за мода и во совршен стајлинг во духот на 80-тите се појави на отворање на монденска слаткарница придружувана од нејзината малечка ќерка Лејла, која ја има од среќниот и романтичен брак со музичарот Али Ерел.


„Дозволи да те сакам“ ги има сите состојки за успешна серија: емоции, драма, опасност, пресврти на судбината и, се разбира, многу љубов. Не ја пропуштајте новата епизода секој ден во 19.15 часот или гледајте викенд маратон од 16 часот на Dizi Macedonia.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!