Почетна / Сапуници / Лејла од „Лисјата“ се враќа на Сител во нова современа драма
БРАЧНИ ИГРИ - - - најгледаната телевизиска програма во Хрватска за минатото лето

Лејла од „Лисјата“ се враќа на Сител во нова современа драма

Популарната турска актерка се враќа на малите екрани. Лејла од “Кога лисјата паѓаат” ја гледавме и во турските серии Аманет, Беден живот, Без мајка и Осветничка, а сега во нова, современа и поинаква продукција.

Во центарот на случувањата овојпат се жените од едно прочуено адвокатско семејство, кои се занимаваат со судски спорови и разводи во познати и моќни истанбулски семејства.

И покрај целото нејзино професионално искуство, доаѓа денот кога познатата хероина нема да биде подготвена да се соочи со сопствениот развод …

… па девојката ќе стане растргната токму меѓу непријатниот развод кој следува, новата љубовна врска која ќе ѝ врати стари спомени и жестокото деловно ривалство со сопствената мајка.

Правничка семејна драма со сензационални заплети ексклузивно на Сител телевизија. Научете како да се справите со “Брачни игри” и само така подгответе се за среќен и долговечен брак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!