Ова лето, Сител телевизија ќе понуди микс од највеселите настапи од “Мерак меана”.
Седенка ќе се збира за бескрајна рапсодија на боемите секоја сабота и недела во 16.30 часот. Седенка во која мераклиите мерак песни од срце ќе испеат, песни што душа ќе разгалат, песни што се паметат и мерак дружби што се прераскажуваат.
Музичка емисија во која ги слушаме најубавите песни од Македонија и Балканот, а тие песни ги пејат нашите најголеми естрадни ѕвезди од фолк сцената. Водител на емисијата е познатиот актер Љупчо Тодоровски – Упа.
Дани | ТВ Пакет