И ова лето, програмата на Алфа во прајмтајм термините исполнета со српска програма. Серии, филмови и емисии од соседството секојдневно на ТВ Алфа. Oд понеделник до петок во 19.15 часот ќе се емитуваат риалити емисиите “Радна акција” и “ДНК Анализа”, а веднаш потоа по 20 часот следува југословенски филм од ризницата на стари ЈУ филмови, генерално со воена тематика.
Покрај овие содржини, премиерно во 23.30 часот се емитува новата пинкова серија “Шифра Деспот”, а по полноќ прегледот на денот во реалното шоу “Задруга”.
Петочки навечер е време за последните финални емисии од “Ѕвездичките на Пинк”, а за време на викендите на оваа фреквенција се емитува репризно реалното шоу “Trenutak sna”, како и екранизациите на МирЈам – “Самец во брак” во сабота и “Гревот на нејзината мајка” во недела.
Дани | ТВ Пакет