Почетна / МК Сцена / Лидер бенд ја носи македонската песна во Бугарија

Лидер бенд ја носи македонската песна во Бугарија

Прилепчаните „Лидер бенд“, кои на публиката и станаа препознатливи по прекрасната песна „Калдрма“ која е со староградски призвук, тргнаа во поход за освојување на бугарскиот музички пазар и преставување на македонскиот староградски мелос пред балканската публика.

Откако пејачот на групата, Стефан, минатата сезона беше дел од шоуто  „Ѕвездите на Гранд“ и остана забележан како скромен и амбициозен Македонец кој достојно ја претставува нашата држава, работите за овој наш бенд тргнаа кон подобро, а поканата за настап во Бугарија е само дел од низата гостувања кои треба да се остварат следниот период.

Нашите претставници, Стефан и Лидер бенд ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Бугарско – македонски староградски вечери“ која оваа година ќе се одржи во хотелот „Парк“ во петок (27 ноември) во Благоевград, Бугарија, а според информациите на организаторите се бара карта повеќе за настанот.

Од „Лидер бенд“ велат дека се борат што повеќе да се слуша, почитува и сака македонската песна. Со таа цел одат и во Бугарија, за да уште еднаш покажат пред гостите кое музичко богатство го имаме ние, Македонците. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!