Поради актуелната состојба со вирусот КОВИД-19 и забраната за организирање јавни собири, 21-вата литературна манифестација „Илинден“ првпат ќе се одржи преку веб страницата на општината.
Во месецот мај, општина Илинден живее во звукот на поезијата преку Литературната манифестација „Илинден“ која порасна во манифестација која 20 години по ред на едно место ги собира најеминeнтните писатели од нашата држава и странство. Настан со посебна естетска вредност кој се одржува во насока на промовирање на современите културни достигнувања и негување на културата и културните вредности преку приближување на пишаниот збор до поголем број читатели.
– На оваа литературна манифестација „Илинден“ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата „Илинден“, туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден. Уживајте во пишаниот збор на македонските поети и писатели, на поетите од странство, на младите автори и ученици од основните училишта во општина Илинден, соопшти Општината.
Дани | ТВ Пакет