Почетна / Сапуници / Непосакувана снаа во новата турска серија на Сител

Непосакувана снаа во новата турска серија на Сител

“Ти си само моја”, нова драма од земјата на Босфорот

Од вечерва на Сител телевизија во 21 часот започнува новата турска серија “Ти си само моја”. Љубовна драма за двајца млади, чија романса станува забранета поради големите суети и социјални разлики. Нивната приказна ќе покаже колку избрзаните одлуки може да бидат ризични, но ќе покаже и дека љубовта на два различни света може да го спои неспоивото и неоткриените тајни да ги доведе до најголемите сомнежи на душата.

Еждер е богат наследник, кој по завршените студии, решава да се врати на семејниот имот и да ја превземе компанијата. Но, таму доаѓа со новата сопруга Нагме, млада пијанистка која го освои неговото срце и му го покажа патот до виножитото.

Непосакувана снаа во богато семејство. Судир на традицијата и модерните сфаќања, судир меѓу богатството и сиромаштијата, меѓу луѓето и нелуѓето. Многу од членовите на богатото семејство ќе застанат против истанбулската невеста, но љубовта на Еждер и Нагме ќе ги покори сите препреки и ќе ги излечи сите рани.

За нив ништо нема да биде невозможно. Ништо, никој и никогаш нема да може да застане на патот на нивната среќа… но дали некогаш судбината скроила поинакви планови? Следува приказна полна со тајни, интиги и неочекувани пресврти. “Ти си само моја”, нова интригантна драма на Сител ТВ за оваа есен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!