Баран е млад човек кој по нападот врз неговото семејство, во кој ја губи мајка си, а татко му останува неподвижен, станува глава на богатото и моќно семејство Карабеј.
Тој мора да најде начин како да го спаси својот брат и да ја надмине вината што ја чувствува поради нападот во кој е убиена неговата мајка, обидувајќи се да донесе мир во семејството кое на било кој начин сака да се одмазди.
Неговите луѓе го известуваат дека го нашле семејството за кое се мисли дека стои зад трагедијата и тогаш Баран тргнува по одмазда, тргнува да стави крај на гневот и омразата кон тие што им го уништиле животот.
Единствен начин за крвна наплата е да земе една од девојките на непријателот и да се ожени со неа. На тој начин, би сопрело крвопролевањето во име на закоравените обичаи и строгите традиции во тоа место.
Сиромашното семејство одлучува да ја даде нивната ќерка Дилан и на тој начин сите да се спасат од тоа што следува. Дилан е млада девојка, амбициозна и полна со соништа коишто, за жал, нема да ѝ се исполнат. Таа е приморана да замине од својот крај во место кое не го познава и меѓу луѓе кои ќе се обидат секој ден да ѝ го загорчат.
Баран, растргнат помеѓу љубовта кон Дилан и омразата кон нејзиното семејство, одлучува дека единствен начин да се згасне ривалството помеѓу двете семејства, е да се венча со Дилан.
Овој брак или ќе ја разгори одамна пламнатата искра и ќе се претвори во вистинска љубов или ќе донесе пустош во животите на Дилан и Баран.
Во големиот конак, следуваат тешки и крвави денови за нежното цвеќе. Младата невеста ќе мора да трпи понижувања, навреди и злоба од старата госпоѓа на конакот, Азаде, но и од сите други кои се против нејзиното доаѓање во куќата.
Многумина ќе сакаат да ја исфрлат или убијат, но Баран е тој што на крајот ќе го има последниот збор.
Дани | ТВ Пакет