Еден даден завет засекогаш ќе го промени животот на младата девојка. Едно ветување ќе ги затегне оковите на ропството и ќе ја издигне суровата традиција над сопствените копнежи и сопствените надежи. Еден аманет во име на парите ќе ја разниша кревката душа, за која животот повеќе ќе нема смисол.
Фикрет Каракаја е богат и исклучително моќен ага, кој и покрај тоа што е веќе навлезен во староста, сака да се ожени со млада девојка. Старецот ѝ фрлил око на убавата и бунтовна Зухре, која од мали години живее во селото и работи со својата мајка на поле. Таткото на Зухре во име на традицијата и долгот, решава да ја даде раката на ќерка си на господинот Фикрет.
Но, на Зухре не ѝ паѓа ни на крај памет да се омажи со човек неколку децении постар од неа, па затоа ноќта во очи на свадбата, одлучува да побегне, подготвена дури и да умре во име на слободата. Никој од стражарите нема да ја забележи, па така таа заминува од тоа проколнато и проклето семејство во Кападокија каде беше приморана да се омажи против своја волја.
Во тоа бегство, таа го запознава добродушниот и праведен Сеит, кој е свесен за нејзината беизлезна ситуација и ѝ ја нуди неговата поддршка. И додека традицијата и злобата им дишат во врат, Сеит и Зухре ќе се трудат да се изборат за својата среќа, а чистата и искрена љубов ќе биде нивната најсјајна ѕвезда водилка.
Секој викенд во 19.45 часот, следува “Ѕвезда водилка”, нова турска серија на Сител за една голема љубов, родена под синџирите на традицијата и обичаите.
Дани | ТВ Пакет