Последните актуелни случувања на политичко-општествената сцена веројатно го натера тимот на емисијата “КОД” да за момент ја стопира летната пауза и да се врати на малите екрани со ексклузивна истрага. Оваа недела, 20 јули во 19.15 часот на Телма, Снежана Лупевска Созен и нејзиниот тим ни презентираат нешто повеќе за случајот “Рекет”.
Како СЈО премина во естрада? Како од сцената се симна специјалната обвинителка откако за 4 години години ја мина трасата Гевгелија до ѕвездите па на дното?
Како милион и пол евра се најдоа во скапите чанти на човекот кој кариерата ја почна во реално шоу. Колку и на кого не си ги плаќал долговите? Како се спасуваат творците на Империјата раширена и надвор од границите на Македонија.
Зошто рекет царството спадна само на две имиња со бонус обвинителка, а без ниту еден политичар што се измрсил со парите?
Одговорите ги дознаваме во недела во “Код”.
Дани | ТВ Пакет