Марија Радњански, сопругата на поп пејачот Јован Радњански се најде на официјалната страна на познатата американска дизајнерка Maggie Sottero која во моментов е во ТОП 10 светски познати дизајнери на венчаници. Освен фотографијата од креацијата е опишана и приказна за тоа како Марија одлучила да соработува со светски познатиот дизајнер, нејзиното доаѓање во Македонија, како врската и запросувањето со Јован Радњански за која двојката не сакаше да зборува во јавност.
„За мене е голема честа да бидам одбрана во категоријата „Невестите на Maggie“ во конкуренција на многу невести од целиот свет, и покрај тоа што венчаницата беше порачана и стигна во Австралија, сепак инсистирав да бидам претставена како невеста од Македонија затоа што моите корени се од тука, а и јас од неодамна се здобив со македонско државјанство на што особено се гордеам“, вели Марија. Инаку, таа е родена во Перт, Австралија каде што живееше до 2010-та година.
Линк до страницата на Maggie Sottero.
Ивана Таневска | ТВ Пакет