Проектите на новосоздадени етно песни со модерен звук и прилагодени на новото време дефинитивно ја вивнаа единствената Каролина Гочева на пиедесталот на музичката сцена. Од таа причина и чувствувајќи го пулсот на публиката, 1 ТВ одлучи најдоброто да го имаат на својата програма за Бадниковата ноќ. Денот, кога целото семејство е собрано заедно и е во исчекување на паричката за среќа и бериќет, 1 ТВ ни нуди волшебно друштво со Каролина и нејзиниот бенд.
Бели цветови, Вези вези, Ѕвона, Чалгиска, Две лири… се само дел од песните со кои ќе уживаме на 6 јануари од 21 часот на 1 ТВ. Македонскиот уникатен супербренд ќе приреди задоволство за целото семејство со звуците кои симболизираат чаршиска раздвиженост, женски копнежи и чалгиски оригинален музички израз.
Бадник на праг
гори оган, дома сум јас.
Светат светла под сите прозори ко ден
а јас светам само за тебе
добри луѓе леб двојат и за другите
и се леат песни од срце
Ѕвонат ѕвона
од љубов, љубов голема
љубов која не престанува
Божиќ е пак
свети ноќта, дома сум јас.
Дани | ТВ Пакет