Во недела, 26 јуни со почеток од 21 часот на Канал 5 стартува финалето на седмата сезона од “Никогаш не е доцна”. Големото финале ќе донесе дури три нови ѕвезди кои ќе бидат избрани со гласање на стручното жири, но и преку СМС и онлајн (Фејсбук) со гласање на публиката.
Ждрепката за финалето на музичкото шоу се одржа во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на стручниот тим на Гранд предводен од Жика Јакшиќ и продуцентот Иван Вукичевиќ Ивкет.
И токму нашиот Бобан Цаневски е дел од оваа последна емисија за оваа сезона од “Nikad nije kasno”.
„Мислев дека ќе стигнам до третиот круг, но еве ме во финале. Ова шоу направи многу за мене, ефектот се гледа. Имам доста работа, ме бараат постојано за свирки, приватни забави, фестивали“ – изјави Боби пред да излезе на големата сцена во полуфиналето кога и го испеа големиот хит на Аки Ракимовски.
Под број 11, фолк пејачот ќе настапи во завршницата на овој натпревар бранејќи ги боите на нашата Македонија и со обид да го повтори успехот на неговите претходници како Ленче Кукиќ, Бејхан Рамов, Горан Кукиќ и Добрила Ивановска -Чабриќ.
Дани | ТВ Пакет