Според објавената Предлог програма на МРТ за 2025, на Првиот програмски сервис, можеме да заклучиме дека Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија 2025 во Швајцарија. МРТ ќе врши директен пренос и од детската и од главната Евровизија, но нема да учествува со свој претставник.
Во досегашните години кога МРТ учествувала во Предлог програмата точно стоеше дека Македонија ќе има свој претставник на Евровизија, преку песна претставник и стоеше сума за буџет за Евровизија и плус за директниот пренос.
За првпат оваа реченица беше извадена во 2023 кога Македонија првпат се повлече, а истата реченица се врати лани, но според буџетот беше очигледно дека нема да учествува што и навистина се случи.
Оваа година стои дека само ќе се пренесуваат и јуниорската Евровизија и Евровизија во Швајцарија. Нема објавено буџет за разлика од претходните години, што значи дека е можно и неучество на детската што во секој случај е добар избор, но сепак ова 100% значи и неучество во Базел, Швајцарија.
За жал додека многу земји од регионот започнуваат подготовки дури и фестивали за избор на песната претставник Македонија и овојпат ќе им ја скрати таа можност на нашите автори да се претстават на големата евровизиска сцена.
На нас гледачите не ни останува ништо друго освен да го гледаме спектаклот и да навиваме за оние кои најмногу ќе ни се допаднат. МРТ треба секогаш кога постои шанса некаде да се претставиме да ја искористи таа можност, а не нашата музика да биде под наплив на соседните земји и нивните естрадни ѕвезди кои уживаат поголема популарност од било кој македонски изведувач.
Дани | ТВ Пакет