Почетна / Сапуници / Македонската актерка Бедија Беговска – дел од „Балканска приказна“

Македонската актерка Бедија Беговска – дел од „Балканска приказна“

Македонската актерка Бедија Беговска, доајен на Турскиот театар во Скопје, ја гледаме како дел од актерскиот тим во ТВ серијата „Балканска приказна” која се снимаше во Скопје и привлече големо внимание во Турција и во земјава.

Бедија Беговска ја игра улогата на Нина, сестра на Елена (Сузан Акбелге) и 35-годишната тајна љубов на Ќофтеџи Сулејман (Ердал Озјаџилар).

Беговска за турската публика е позната по улогите во „Лимонада”, „Вишновата градина”, „Познатата Фиренца”, „Мутлу ол јетер”, „Горчлива цреша”, како и многу успешни улоги по кои е препознатлива кај македонската јавност, односно во Македонски народни приказни, Наше Маало, Збогум Румелија, Трето полувреме, Преспав. За нејзините успеси говори и наградата за животно дело на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”.

Во изминатите епизоди на ТВ серијата „Балканска приказна” гледачите беа сведоци на драматичната приказна меѓу Ќофтеџи Сулејман и Нина, полна со тајни.

ТВ серијата „Балканска приказна” е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Сценаристи на ТВ серијата се Угур Узунок, Абдулхамид Ишик, Есма Коч, Идрис Мејди, Алев Узма и Озан Ајаз, а линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити стар продукција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!