Македонија е мала земја во срцето на Балканот, која петстотини години била под отоманско ропство. Дејствието на филмот „До балчак„ се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад„ по крваво задушеното македонско востание од 1903.
Приказната е за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин“ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.
Филмот е суровa и романтична сторија која ја испитува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство. Приказната ги драматизира и пародира митот и анти-митот на исток и запад, на Европа и Балканот. Фатен во стапица, еден од ликовите ја декларира својата радикална философија : „Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“!
До балчак е македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, и други.
По саботната вечер со “Балкан кан”, во недела навечер уживаме со “До Балчак” на Алфа. Велигденски викенд на Алфа со македонски играни филмови.
Дани | ТВ Пакет