Почетна / Сапуници / Весело лето со малечката хероина и „Мојот вујко“ на Сител

Весело лето со малечката хероина и „Мојот вујко“ на Сител

Нова комедија за нови весели летни ноќи на телевизија Сител. Вашата слатка мала хероина се враќа на малите екрани во “Мојот вујко”, која ќе се емитува секоја вечер, веднаш по “Далеку од дома”. Во продолжение ве запознаваме со сижето на оваа семејна комедија :

Јонџа е млада и убава девојка, мажена за доктор Тарик, за неа совршениот маж на планетата. Совршеното во Тарик за Јонџа е тоа што тој нема семејство, затоа што таа не сака да се поврзува со никакви роднини на мажот и да споделува традиционални семејни навики и обичаи. Тарик бил посвоен уште како мал и не ја познава биолошката фамилија. Но, откако ќе се преселат во еден стан, Јонџа сфаќа дека кошмарот од кој се плашела допрва почнува.

Тие стануваат соседи на едно големо и откачено семејство, кои живеат во голем стан каде ги “собира” буквално сите. Новите соседи не ја прифаќаат баш Јонџа заради нејзиниот карактер, но затоа го обожуваат Тарик и го доживуваат како нивниот одамна исчезнат член на фамилијата. Многу одамна, на еден пазар, Мукадер го загубила синчето и од тогаш започнува болката и тагата на големото семејство, кои живеат со помислата дека еден ден ќе го најдат нивниот исчезнат син… нивниот исчезнат внук… нивниот исчезнат брат…. и нејзиниот исчезнат вујко.

Тоа ненадејно исчезнување, таа дамнешна случка оставила илјадници прашалници, чекање и очекување кај семејството. По игра на судбината се испоставува дека Тарик е всушност исчезнатиот член на големото семејство и Јонџа сфаќа дека до неа живеат тие од кои секогаш бегала – роднините на сопругот.

Следува низа на недоразбирања кои ќе се претворат во големи комични авантури меѓу Тарик, Јонџа и семејството. Ситуации кои ќе ве насмеат до солзи и ќе донесат радост и среќа во летните ноќи, но ситуации и кои ќе доведат до разнишување на бракот на Тарик и Јонџа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!