Тие што имаат онлифанс, размислуваат ли утре што ќе одговорат нивните деца кога ќе ги прашаат – Што работи мајка ти? Вака го постави прашањето јутуберот Васил Мандаровски – Мандар, а поттикнат од тоа дали лајковите и прегледите даваат вредност на човекот, на темата како се станува некој и нешто.
Во последната епизода на „Нешто конкретно“ гости беа писателот Венко Андоновски, докторот Злате Мехмедовиќ, водителката Нора Шаќири и јутуберот Мандар, темата го отвори и прашањето: „Што луѓе се тие кои прашуваат: Знаеш ли кој сум јас?“ во што професорот Андоновски препознава паничен страв од непрепознавање и додаде: „Тој што го поставува тоа прашање е едно големо празно“.
Нора Шаќири се надоврза велејќи дека човек може да гледа од високо некој друг само кога треба да му подаде рака за да стане.
Јутуберот Мандар пак го раскажа своето искуство со професорката по македонски која настапувајќи од позицијата “мене треба да ме слушаш” му рекла дека од него нема да биде човек и дека цел живот ќе вози југо. А јас заработив и се паркирав во школскиот двор со БМВ – одговори Мандар.
Др. Мехмедовиќ додаде дека и кај него ги има оние кој настапуваат со она чекај ти не знаеш да ти кажам јас што дијагноза прочитав на интернет, е таквите ги праќам и да се лечат на интернет – рече докторот.
Се разви и дискусија дали за да станеш некој и нешто мора да имаш факултет: Денешните факултети се доведени до последно дереџе па не знам дали повеќе им правиме штета или корист на децата. Професорите доаѓаат со скрипти стари 20 години.
Дани | ТВ Пакет