Вечерва во 22.30 часот на Сител телевизија ќе биде прикажана последната епизода од турската серија “Марија и Мустафа”.
Во местото каде се прелеваат боите на виножитото во пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината, токму таму во магичната Кападокија зад спуштените завеси на големите конаци и мистичните градби на природата, се роди љубов која ги надмина сите граници на невозможното и се избори со сета злоба и застрашувачки адети.
Победа на љубовта во финалето на серијата. Божји дар за двајцата вљубени и подарок за гледачите кои ја следеа приказната.
Среќа во конакот на Марија и Мустафа. Бебе за крај на љубовната драма на Сител.
Дани | ТВ Пакет