Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за претстојниот спектакл SKOPJE CALLING 2017, на кој како хедлајнер е веке најавен #1 world dj MARTIN GARRIX.
Влезниците се пуштени во продажба од денеска точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Се, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија…
Билетите ќе бидат по следниве цени и категории:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
ВИП- 1500 денари
УЛТРА ВИП- 2000 денари
ВИП И УЛТРА ВИП влезниците ќе се продаваат исклучиво преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела), и на следниве email адреси: [email protected] и [email protected]
Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е no.1 world dј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.
Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.
На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот.