“Ако нè остават” премиерно прикажана на Телма пред неколку месеци, а сега повторно на програмата на оваа телевизија.
Серија од гигантската продкција Телевиса, позната за нашата публика по многутте хитови од минатото како Есмералда, Росалинда, Есперанса, Перла, Руби, Саломе, Право на љубов, Злобница, Марисол и многу други.
Серијата ни го претставува животот на Алисија, која за себе верува дека во среќен брак со нејзиниот сопруг – познат новинар, со кого има три деца. Во име на семејниот живот се откажува од својот сон за успешна кариера. Но, нејзината силa ќе биде ставена во искушение кога ќе дознае дека нејзинот сопруг се гледа со младата Хулиета.
Тој неочекуван животен пораз, ќе ѝ ја даде потребната сила повторно да биде една силна жена. Посебно кога во нејзиниот живот ќе се појави Мартин, кој ќе ја поттикне да ги оствари напуштените соништа и ќе ја разбуди кај неа желбата за нов почеток и нова љубов.
Повторно на Телма, цела серија репризно. Секој работен ден во 10 часот наутро и во 13.45 часот попладне. Телма со репризи на сите серии.
Дани | ТВ Пакет