Universal Pictures и Illumination Entertainment објавија и втор трејлер за Minions, анимирана авантура која е спин-оф на големиот хит Despicable Me. Приказната започнува на Антартика, преку Њујорк во 1960-тите, па се до Лондон, каде малите жолти палавковци се соочуваат со нивниот најголем предизвик досега и настојуваат да ја спасат целата минион раса.
Гласовите за филмот ќе ги позајмат Сандра Булок, Стив Карел, Џон Хем и Хиројуки Санада. Режисери се Кајл Балда и Пјер Кофин, а премиерата е закажана за 10-ти јули 2015 година.