Домашната и балканската естрада во фокусот на новиот забавен викенд магазин на Канал 5.
Водителски тандем на овој проект ќе бидат Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ, добро познати телевизиски имиња кои после долги години работа на други проекти конечно ќе ги здружат силите и ќе бидат домаќини во „Голден Карпет”.
Освен познатите музички имиња, ќе гостуваат и популарните политичари, спортисти и актери, кои дефинитивно ќе ги запознаете од еден друг агол од нивниот живот.
Имајќи предвид дека последниве две години има зголемено отсуство на настани и емисии од забавен карактер, во оваа емисија конечно ќе се види забава што им е потребна на гледачите, гламур, шоу бизнис и убава модна естетика.
Дани | ТВ Пакет