Почетна / Серии / Масакрот на европските доселеници е тема на новата серија на NG
Светска премиера на новата историска драма во 172 земји ширум светот

Масакрот на европските доселеници е тема на новата серија на NG

Нова мини серија на National Geographic секоја недела во 21 часот (по две епизоди). “Barkskins” е базирана на истоимениот бестселер на Њујорк Тајмс и е добитничка на Полицеровата награда Ени Пру.

Историската драма го истражува мистериозниот масакр на европските доселеници во 1690 година во Нова Франција.

Имало многу осомничени во оваа голема трагедија, која имала за цел да го одвлече делот на Северна Америка во граѓанска војна. Вината паднала на Англичаните, потпомогнати од компанијата Хадсон Беј, но и од домородното племе на Мохиканците, кои биле мотивирани од англискиот интерес да ги протераат Французите од оваа територија.

Новата серија од осум дела од Елвуд Рид ќе ги одведе гледачите овој август до дивите граници на новиот свет непосредно пред крајот на турбулентниот 17-ти век.

Дејството во серијата „Barkskins“ се одвива во мала имигрантска населба во денешната канадска провинција Квебек. Католичката црква испраќа Језуитски свештеник таму за да им влијае на домородците. Французите, сепак, се одлучуваат за поинаква тактика. Немажените жени и вдовици се спраќани за да ги населуваат местата во Нова Франција, со цел да се омажат и да помогнат за просперитет на колонијата.

Затоа и се случува големиот масакр над доселениците. Приказна која ќе ве остави без здив, но и ќе ве запознае со една поинаква национална географија.

„Barkskins“ е античка приказна за опстанокот и мисијата во создавање на цивилизација среде бескрајни пространства шуми – посочува авторот и извршен продуцент на серијата, Елвуд Рид и додава: “алчните трговци, доселениците и сиромашните жени со надеж дека ќе стапат во брак и ќе се збогатат се соочуваат со суровата реалност што ги урива нивните соништа додека се обидуваат да го најдат своето место во дивината. Тие се пречекани од мрачна и ладна околина, населена од домородни народи, кои своето пристигнување го гледаат со презир и страв.

Меѓу актерските имиња ги следиме Дејвид Тевлис како Клод Трепани, Марша Геј Харден како Матилда, Анаирин Барнард како Хамиш Гомез, Џејмс Блур како Чарлс Дукеј, Кристијан Кук како Рене Села, Дејвид Вилмот како офицер Бушар, Томас М. Рајт како Елисеа Кук, Талула Хадон како Мелисандњ итн.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!