Српските изведувачи беа најредовни гости во скопските клубови се додека MM Crew браќата Марко Поповски и Мартин Михаилов не им покажаа на скопјани една поинаква забава која преку ноќ го донесе светскиот гламур во нашата метропола.
Најпосакуваните скопски момци, Марко и Мартин не се луѓе кои се фалат на стара слава, тие се веќе подготвени за новата сезона во која се вбројуваат новини кои ќе ја надополнат ноќната шема во нашиот главен град. Вашето омилено кафуле, кафе Стоби ќе продолжи со мак-ју и латино шема, поддржано со Конги во четврток, а недела останува хип хоп.
Кафе Стоби со цел да биде уште подобар за своите гости најави промена во својата менаџерска група. Ќе се практикува работа со клиенти над 20 години, а за присутните ќе следуваат гратис влезници со кои забавата бесплатно ќе продолжи во скопскиот клуб Централ Парк – Привилеџ Клуб.
| ТВ Пакет