Тој нарача пред година цела нежен прстен филигран
Таа накити од коприна бела фустан навезан
Сон … сонувашe на пајтон ja вози, зад нив ѕвонат камбани
До преку прагот в раце ја носи … Но се раздени.
Пуста остана желба невина
Сон си мина и тој си замина
Пепел направи, солза гори во тие лаги огнови …
Не знаеше кој е крив
Боже дај ѝ здив
Сила немаше да се исправи
И да продолжи … за да можe
на денот да се радува…
Приказна за една легендарна љубов, родена во 70-тите години на минатиот век и обвиена од зло, амбиција и неочекувани препреки на судбината.
Во бегство од гревовите, љубовта ќе ги доведе во една горка земја. А таа горка земја ќе навести крај на големата страст и почеток на нешто сосема ново во нејзиниот живот.
Во следните денови, очекувајте го стартот на “Горка земја” и бидете со нас за навремено да ве информираме за содржината и термините на новата маратонска историска драма.
Дани | ТВ Пакет