Почетна / Сапуници / „Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои ли нешто на светот што една мајка не е способна да го направи во име на љубовта кон своето чедо?

За самохраната мајка Јонџа, ќеркичката е нејзиниот живот. За девојчето, таа ги прави најголемите жртви за да ѝ обезбеди пристоен живот и само така, двете се среќни и безгрижни.

За неа, детето е нејзиниот најголем благослов, најголема среќа и мотив да истрае во таа сиромаштија, да продолжи понатаму, да живее. Да живее за ќерката, а не за себе затоа што токму мајката е таа што го разбира дури и тоа што детето не го кажува.

Но, кога таткото на Саре се појавува во нивниот живот за да бара старателство над детето, мајката ќе мора по секоја цена да ја заштити ќерката. Неочекуваниот предлог од еден богат човек сепак ќе ги промени нивните животи.

Тој ќе ѝ овозможи на Јонџа да добие голем џек пот на лотарија, но наместо спас, тие пари за неа ќе станат најголема опасност. Од тој момент, мајката ќе мора да размислува два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете затоа што секој погрешен потег ќе значи разделба од ќерката.

Сабота и недела на Сител по централниот Дневник – турската животна драма “Мојот живот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!