“Тајна задача” е американска мини серија која нѐ води во светот на мотористите, и тоа во моторскиот клуб/банда Вагос. Ја гледаме повторно исповедтта на Чарлс Фалко, човекот кој поминал 3 години како таен агент-доушник во бандата Вагос. Серијата е создадена според неговите мемоари: Vagos, Mongols, and Outlaws: My Infiltration of America’s Deadliest Biker Gangs.
Чарлс Фалко бил готвач, а неговиот специјалитет, а и единственото што го приготувувал било мет (Метамфетамин). Ќе зготвел малку кристали, ќе ги продадел и од таа работа ќе живеел година дена. Сѐ одело како што треба, додека и самиот не одлучил да го проба својот специјалитет. Толку му се допаднало со што се навлекол, а тоа понатака го одвело до низа очајни чекори, на чиј крај го чекала тужба и казна од 20 години затвор.
Единствен излез бил да одлучи да стане уфрлен агент, но не меѓу дилерите и во познатиот свет на дрогата, туку во озлогласената моторска банда Вагос, светот на моторите, каде владеат посебни и сурови правила, свет за кој ништо не знаел. Немајќи каде, Фалко прифаќа и започнува неговата неверојатна приказна која ја ќе ја следиме репризно на МТВ, од понеделник до петок навечер во 22 часот.
Дани | ТВ Пакет