Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / МРТ 3 со репризи на популарното домашно шоу „Танц со ѕвездите“

МРТ 3 со репризи на популарното домашно шоу „Танц со ѕвездите“

„Танц со ѕвездите“ репризно на спортско забавниот канал на Македонската телевизија. Секоја вечер во 21 часот на МРТ 3 ќе се потсетите и ќе уживате во настапите на танцовите двојки во “Танц со ѕвездите”, снимено во 2013-та и 2014-та година.

Танцовите двојки повторно ќе заблескаат во нивното препознатливо светло на дрвениот под за танцување во студиото на МТВ, досега најголемо од ваков тип во земјава.

Водителскиот пар  Тони Михајловски и Симона Николовска ја направија првата сезона од шоуто „Танц со ѕвездите“ спектакуларна, а гледачите ќе имаат шанса да се потсетат и на умешните танчерски вештини на самите водители во првата сезона, но и на втората каде наместо Симона, ја гледавме Марјана Лото.

Предизвикот беше голем, а конкуренцијата помеѓу натпреварувачите беше дотолку поизразена со самиот факт што секој од нив е професионалец во својата област со што се докажа и на штиците за танцување. Во првата сезона од шоуто настапуваа пејачите Викторија Лоба, Александар Белов, Аделина Тахири, актерите Јелена Јованова, Васил Зафирчев, Висар Вишка, ракометарката Андријана Будимир, спортскиот новинар Бранко Чупески, лото девојката и топ модел Маријана Станојковска и нивните професионални денс партнери.

Во втората сезона, ги гледавме Александра Накова (фотомодел), Стефан Лешковски (фотомодел, бивш мистер), Маријана Димовска (водителка), Сара Мејс (пејачка), Влатко Илиевски (пејач), Владимир Крстевски – Франц (пејач), Димитар Атанасовски (водител), Наташа Илиевска (каратистка), Наташа Мешковска (пливачка) и Мартин Јордановски (актер).

Ова популарно шоу е реализирано од страна на Македонската радио телевизија во соработка со „Дрим фектори“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!