Почетна / Серии / МРТ ќе ги прикажува српските серии „Кљун“ и „Жигосани во рекетот“

МРТ ќе ги прикажува српските серии „Кљун“ и „Жигосани во рекетот“

ТВ Пакет дознава – оваа сезона на Македонската телевизија ќе одат неколку познати српски серии.

Кљун во 10 продолженија наскоро на МРТ 1. Се работи за прва српска серија прикажана на фестивалот Canneseries во Кан, каде што ја освои наградата од публиката во главната натпреварувачка програма.

Амбициозната детективка Соња Кљун се сели во Суботица за да истражи сомнително самоубиство, покренувајќи низа настани што откриваат скриени тајни.

Жигосани во рекетот – српска висококвалитетна серија од авторот и продуцент Драган Бјелогрлиќ која ја следи судбината на двајца членови на последната златна генерација на југословенската кошарка, едниот од Србија и едниот од Хрватска, кои после неколку години повторно се среќаваат со желбата да и се вратат на својата најголема љубов – кошарката.

Преку 45-те епизоди ќе откриете дека ова е всушност приказна за втората шанса.

Втора шанса за пријателство, втора шанса за татко и син, втора шанса за пропаднатиот клуб, втора шанса за неисполнети таленти, втора шанса во потрага по среќа, втора шанса за генерацијата чиишто најдобри години ги изеле скакулци.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!