Почетна / Сапуници / МТМ со викенд реприза на руската крими мелодрама „Пепел”
Секоја сабота на МТМ во 21 часот

МТМ со викенд реприза на руската крими мелодрама „Пепел”

Руската серија “Пепел” повторно на локалните телевизии. На прва скопска МТМ секоја сабота и недела во 21 часот, потсетување на оваа серија. Дејството се одвива од 1938 до 1948 година, опфаќајќи ги клучните настани во деценијата.

Капетанот на Црвената армија, Игор Петров (Владимир Машков) оди во Москва, знаејќи многу добро дека може повеќе да не се врати кај својата сопруга – закана за апсење виси над него. Петров влегува во воз и се среќа со крадецот, таканаречен “Пепел” (Евгениј Миронов).

Одеднаш, капетанот има фантастична шанса да ја смени судбината и да избегне затвор. Го искористува познанството со крадецот и тепачката која настанува во возот, па ја менува облеката со неговата, ги зема неговите документи, златото на разбојникот и скока од возот.

По некое време, будејќи се во болницата во рани и лузни, “Пепел” не може да се сети што се случило: сега тој е капетан Петров, а пак вистинскиот капетан сега има друг идентитет. Заложник на играта станува Рита, сопругата на Петров, која сега се вљубува во “новиот” сопруг.

Долги години, хероите ќе живеат украден живот, сè додека судбината не ги соочи повторно – лице в лице.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!