Според новиот извештај на Digital TV Research, музичкиот канал MTV европските телевизиски оператори го дистрибуираат повеќе од било кој друг ТВ канал, јавува ТеВе.
Овој извештај опфаќа 238 меѓународни ТВ канали и мрежи и над 152 ТВ оператори во 34 земји од Европа, Блискиот исток и Африка. Од вкупниот број канали 67 од нив или 28% се дистрибуираат во High-definition.
Сајмон Мураи, авторот на овој извештај изјави дека MTV е лидер, а каналот го дистрибуираат 123 оператори или 81% од вкупниот број оператори. HD каналите стануваат се позначајни затоа што операторите сакаат на претплатниците да им понудат нешто ново.
Chris | ТВ Пакет