Секоја недела околу 21 часот, МТВ 1 ќе ја репризира домашната серија “Комедијанти”, снимена во далечната 1984 година. Душан Костовски, Снежана Стамеска, Коле Ангеловски, Мето Јовановски, Благоја Чоревски, Силвија Стојановска, Петре Прличко, Кирил Ќортошев, Димитар Гешовски се актерите во продукцијата на тогашна Телевизија Скопје.
Потсетете се на авантурите на Есмералда, управникот, примадоната, Јово суфлерот, трагичарот, љубовникот …
Дани | ТВ Пакет