Наместо да понуди квалитетна програма која ќе ги привлече широките народни маси и ќе ги заинтригира младите да останат пред телевизиските екрани, Државната телевизија очигледно емитува сѐ спротивно од она што сака народот.
Особено големи критики на социјалните мрежи има последните денови со оглед дека јавниот радиодифузен сервис не ги емитува Лигите на шампиони во фудбал и ракомет, особено таа во ракомет, каде македонскиот првак РК Вардар стигна до самото финале. Наместо познати и атрактивни спортски спектакли, телевизијата прикажува светско првенство во фудбал на играчи до 20 години.
Покрај тоа, последниве месеци не гледаме никаква домашна играна програма, но ниту пак премиерна странска. Познатите светски серии како “The fall”, “Bron/broen” и “Caturrandi” неколкупати во текот на годината се репризираат на оваа фреквенција, а простор за нови серии речиси и нема.
Реткост е да се види и премиерно некој атрактивен блокбастер, а од емисиите во нивна продукција, тука се редовните изданија на “Фолк Џубокс”, “Тунел”, “Ѕвон”, информативните изданија на вестите и емисиите, како и репризите на македонските народни приказни.
Неколкупати се најавија и нови канали кои ќе понудат шарнеолика и богата програма за гледачите, но до ден денес, такво нешто нема. Веб сајтот на телевизијата, како и да не функционира. На веб страната може да се прочитаат особено стари вести, а програмскиот водич и содржините не се ажурирани од новогодоишните празници.
Ова е сликата на Македонската телевизија, но прашањето е дали е ова сликата која сакаат да ја имаат граѓаните на земјава? Сѐ почесто гледачите се одлучуваат да ја следат програмата на РТС и ХРТ во недостиг на квалитетна и популарна програма на нашата национална телевизија.
Дани | ТВ Пакет