Почетна / Серии / Музичката сапуница на ABC – „Нешвил“ во новата сезона на Pickbox
Шест сезони и вкупно 124 епизоди премиерно на кабловскиот Пикбокс канал (со македонски превод)

Музичката сапуница на ABC – „Нешвил“ во новата сезона на Pickbox

Нешвил е центарот на музичката индустрија, каде што големите успеале, а ентузијастите одат да живеат за да ја испитаат својата шанса за пробив.

Една од главните ѕвезди е Рејна Џејмс (Кони Бритон) – позната кантри пеачка која ја држи сцената повеќе од 20 години. Од друга страна, младата публика ѝ е наклонета на младата Џулиет Барнс (Хајден Панетиер), која очајно сака да се пробие како вистинска пеачка.

Нив две ги поврзува музичката куќа со која соработуваат, но и главниот гитарист на бендот на Рејна – Дикон (Чарлс Естен), кого Џулиет сака да го земе со себе на претстојната турнеја. Тие меѓусебно не се почитуваат, па и не се сакаат, но судбината некако им ги спојува патиштата, сакале тие или не.

Во оваа серија сите пеат, пишуваат и продуцираат музика. Музиката е главната тема на која протагонистите разговараат и главната причина поради која понекогаш се караат, но често стануваат среќни.

Сите шест сезони од оваа музичка драма ќе ги гледате на кабловскиот Pickbox канал во новата сезона која стартува од понеделник, 5 септември. “Нешвил” од понеделник до петок во 21 часот, со репризно емитување наредниот ден во 8.45 часот наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!