Камерниот оркестар на Битола со својата Јонче Христовски Симфонија ќе ви приреди вистински спектакл, кој долго ќе се памети. Петок, ден Илинден, 13.45 часот, Сител телевизија.
Македонско девојче, Ако умрам ил загинам, Ај засвирете ми чалгии, Ој Вардаре македонски, Едно име иамме… ќе бидат само дел од стиховите со кои македонската публика ќе ужива во творештвото на македонскиот музички доајен Јонче Хрисовски.
Извонредниот концерт посветен на Христовски ќе успее да го долови специфичниот стил на изведба на песните кој Јонче го имаше, како и емоциите кои истите тие ги предизвикуваат секогаш кога ќе се слушнат.
Музичките ноти кои концертот ќе ги испрати до гледачите се проткаени со една топла и пријатна атмосфера која го воодушеви секој присутен на концертите во Скопје и Битола, сега на малите екрани и гледачите на Сител.
2 август, големиот ден Илинден прославете го со програмата на Сител и концерт кој ќе пренесе силна порака дека музиката има моќ да ги обедини сите, да ја поддржи и промовира нашата историја и култура и да ги восхити срцата на сите Македонци.
На концертот ќе ги слушате Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс) и Агни Авшар.
Дани | ТВ Пакет