Почетна / Филм / На 1 јануари ја следиме вистинската приказна за „Марк Фелт“ на МРТ 1

На 1 јануари ја следиме вистинската приказна за „Марк Фелт“ на МРТ 1

Лиам Нисон во вистинската приказна за „Марк Фелт – Човекот што ја сруши Белата куќа“, гледајте го во понеделник премиерно на МТВ 1.

Скандалот Вотергејт е еден од најпознатите скандали во Соединетите Американски држави во минатиот век. Настанот го добил по името според седиштето на Демократската партија во Вашингтон, на 17 јуни 1972 година. Се работи за нелегален упад во седиштето на партијата во која се вмешани луѓе од администрацијата на тогашниот американски претседател Ричард Никсон. Подоцна пред суд ќе се изнесат и преслушкувани материјали во кои се слуша дека претседателот Никсон во овалната соба, ја одобрува операцијата за заташкување на случајот.

Марк Фелт за време на случајот Вотергејт работи како агент на Федералното биро за истраги на САД или попознато како ФБИ. Тој одржувал контакти со новинари. Карактеристично за аферата Вотергејт е што долго време не знаеле во САД, кој ги дал документите на новинарите. Таа врска се држела скоро 3 децении во тајност.

Во 2005 година, на 91-годишна возраст, Фелт му откри на списанието Vanity Fair дека за време на неговиот мандат како вонреден директор на ФБИ тој бил озлогласениот анонимен извор познат како „Длабоко грло“ кој им обезбедувал на новинарите на Вашингтон пост Боб Вудворд и Карл Бернштајн со критични информации за скандалот Вотергејт, кој на крајот доведе до оставка на претседателот Ричард Никсон во 1974 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!